Француски анестезиолог обвинет за смрт на девет лица

Анестезиолог од францускиот град Безансон е осомничен за труење на пациенти за време на операција со цел да предизвика застој на срцето, по што ги враќал од работ на смртта, а обвинителството тврди дека во девет наврати не успеал во својот план и дека луѓето починале.

Истражителите пронашле докази, кои го поврзуваат 47-годишниот лекар Фредерик Печиер со 24 од 66 инциденти, кои се случиле за време на хируршки зафати на клиниката во кој работел, изјави вчера обвинителот од Безансон, Итиен Монтух.

– Печиер се појавува како заеднички именител за овие несреќни и сериозни случувања, кои, се чини, дека се поврзани со акутен конфликт со другите анестезиолози и хирурзи во клиниката во Сејнт Винсент, изјавиМонтух.

Тој додаде дека лекарот е осомничен за вбризгување на смртоносна доза калиум хлорид или анестетик за бенигна операција.

Печиер негираше каква било злоупотреба, но обвинителството побара негово притворање до судењето на кое би можел да се соочи со доживотен затвор.

Вести

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата денеска во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда. Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не […]

Вести

Бојан Јовановски денеска повторно на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје. Ова […]

Вести

Нови рочишта за „Таргет Тврдина“ и „Транспортер“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет Тврдина“ и „Транспортер на СЈО, кои што ги презема во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. […]