Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира, таа на премиерот Филип се зголемува


Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира, таа на премиерот Филип се зголемува - МИА

Париз, 21 јуни 2020 () – Една недела пред вториот круг на општинските избори во Франција и најавената реконструкција на француската влада веднаш по изборите, популарноста на претседателот Емануел Макрон стагнира, додека таа на премиерот Едуар Филип се зголемува, јави дописникот на .

Според испитувањето на ИФОП за Журнал ди Диманш, популарноста на Емануел Макрон стагнира на 38 отсто на задоволни Французи од неговата работа, односно -1 процентен поен за еден месец, додека 60 отсто од испитаниците не се задоволни од оствареното од нивниот претседател. Сепак популарноста на Макрон е поголема во споредба со таа на неговите претходници Никола Саркози (34%) и Франсоа Оланд (22%) во истиот период од мандатот.

Од друга страна популарноста на премиерот Едуар Филип се зголемува, при што 50 отсто од испитаниците се задоволни од неговата работа, додека 48 отсто не се задоволни.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*