Франција: По притисокот од Владата, производителите на храна се согласија да ги намалат цените

market-pazaruvanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Водечките компании во прехранбениот сектор во Франција ветија дека од јули ќе ги намалат цените на стотици производи, соопшти денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, заканувајќи им се со финансиски санкции доколку го прекршат ветувањето.

– Им порачувам на Французите дека во јули цените на одредени производи ќе се намалат, изјави Ле Мер за ТВ BFM, најавувајќи проверки и санкции за компаниите што не го почитуваат договорот.


Ден претходно, министерот се сретна со претставници на 75 компании кои покриваат 80 отсто од потрошувачката на храна во Франција. Во групата производи што ќе поевтинат, министерот ги издвои тестенините, живината и маслото.

– Ќе добијам листа од стотици производи (што ќе бидат поевтини) следната недела, додаде Ле Мер, предупредувајќи дека доколку некои прехранбени компании не го одржат ветувањето, „(нивните имиња) ќе бидат објавени“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK