Франција и Италија сакаат нов европски механизам за поттик


Италија и Франција сакаат нова европска алатка за зајакнување на економските сектори што се најтешко погодени од кризата во короната, изјави италијанскиот министер за економија Роберто Гуалтиери.



На заедничката конференција со неговиот француски колега Бруно Ле Мер во Рим, Гвалтиери ја истакна потребата од зајакнување на политиката на стимулации за економијата и на глобално ниво.

Првиот состанок на Г20 под италијанско претседателство на 26 и 27 февруари следната година ќе се фокусира на тоа прашање, додаде тој.

Францускиот мнистер, пак, изрази надеж дека ќе се постигне договор за реформа на Европскиот механизам за стабилност на следниот состанок на еврогрупата и според него, таа зделка треба да функционира како „животно осигурување“.