Франција бара да се воведат санкции против Русија поради Навални и протестите


– Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан денеска изјави дека апсењето на повеќе од 3.000 луѓе за време на протестот за поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални го загрози владеењето на правото и повика да се воведат санкции против Русија.



– Успехот на демонстрациите низ Русија е импресивен, изјави Ле Дријан во денешното интервју за радиото „Франс ентер“.