„Фолксваген“ ќе им исплати отштета на работници во нивна фабрика Бразил кои тужеа за тортура


– Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (ВВ) соопшти дека ќе им исплати отштета од  6,4 милиони американски долари  на поранешните работници во една бразилска фабрика кои ја тужеа компанијата за соработката со војската на оваа земја за време на диктатурата од 1964-1985 година.

Работниците и нивните семејства пред пет години поднесоа тужби против производителот на автомобили за кршење на човековите права, пренесува Бета.

Како што беше утврдено во 2016 година, агентите на ВВ давале имиња на вработени за време на полицискиот прогон на луѓе кои биле обележани како „субверзивни“, а кои подоцна биле уапсени и измачувани.

-Жал ни е за насилството што се случило во минатото. За „Фолксваген“ е важно одговорно да се справи со ова негативно поглавје од историјата на Бразил и да промовира транспарентност, изјави извршниот директор на ВВ, Хилтруд Вернер.

Во договорот на ВВ со бразилските обвинители, потпишан вчера, се наведени и донации за проекти, вклучително и спомен-обележје за жртвите на диктатурата, соопшти компанијата.

Дванаесет поранешни работници во 2016 година изјавија дека биле уапсени и мачени во огромната фабрика на „Фолксваген“ во Самп Бернардо до Кампу, во близина на Сао Паоло, додека други биле отпуштени и ставени на црната листа.

Многумина со години потоа не можеле да најдат работа, откри истрагата од 2014 година на британските новинари.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*