Флорида се подготвува за ураганот Исаја



Флорида се подготвува за ураганот Исаја - МИА

Мајами, 2 август 2020 () – Ураганот Исаја помина преку Бахамите, корнејќи дрва и бандери и продолжува да се движи кон бреговите на Флорида, каде локалните власти стравуваат од можни компликации во спроведувањето на вонредните мерки за заштита од коронавирусот.

Исаја ослабнал и сега е категоризиран како тропска бура, а не ураган, но гувернерот на Флорида, Рон де Сантис предупреди дека невремето, како што се движи кон Флорида, веројатно ќе се претвори во ураган.

Локалните власти наредија затворање на плажите, парковите и мобилни клиники за тестирање за Ковид-19.

Гувернерот де Сантис апелираше до граѓаните да се снабдат со вода и најави прекини во снабдувањето со електрична енергија.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*