Финска сака да им забрани на Русите да купуваат недвижен имот

Screenshot-2024-09-02-124612.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финската влада сака да им забрани на Русите да купуваат недвижен имот во Финска, изјави министерот за одбрана на оваа нордиска земја Анти Хаканен.


„Денеска на консултациите поднесуваме предлог со цел да се забранат трансакции со имот со руско потекло“, рече Хаканен на прес-конференција.

Ќе има исклучоци, додаде Хаканен и рече дека двојните државјани и Русите со постојан престој во Финска сепак ќе можат да купат недвижен имот во оваа нордиска земја.

Финска, која стана членка на НАТО во 2023 година, ги затвори копнените граници со Русија на крајот на минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK