Филипините го повикаа кинескиот амбасадор поради инцидентот во Јужното Кинеско Море

филипина
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филипини го повикаа денеска амбасадорот на Пекинг откако кинеската крајбрежна стража ги блокираше и пукаше со водени топови врз филипински бродови во Јужното Кинеско Море, изјави претседателот Фердинанд Маркос.

„Нашиот секретар за надворешни работи го повика денеска амбасадорот Хуанг и му даде вербална нота со фотографии и видео за тоа што се случило и го чекаме нивниот одговор“, изјави Маркос.


Според филипинската крајбрежна стража, инцидентот се случил додека се транспортирале резерви за филипинскиот воен персонал стациониран на островите Спратли во Јужното Кинеско Море.

Пекинг има територијални претензии за речиси целото Јужно Кинеско Море и покрај тужбите на Филипините, Виетнам и Малезија, игнорирајќи ја меѓународната пресуда од 2016 година против Кина.

Манила се жали дека нејзините бродови кои патролираат во тие спорни води се редовно набљудувани или блокирани од кинеската крајбрежна стража или бродови на морнарицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK