Филипини со предупредување до Кина поради маневри во спорното Јужно Кинеско Море


Филипини со предупредување до Кина поради маневри во спорното Јужно Кинеско Море - МИА

Манила, 3 јули 2020 ()  – Филипинското Министерство за надворешни работи денеска ја предупреди Кина да очекува „најсериозен одговор“ во случај кинеските воени вежби во спорното Јужно Кинеско Море да се префрлат на територија на Филипините.

Министерот Теодоро Локсин Јуниор изјави дека кинеската армија од 1 јули спроведува вежби на Паркерџелските острови, познати и како островите Сиша, на кои и Кина и Виетнам тврдат дека имаат право.

Тој додаде дека кинеските поморски претставници им забраниле на сите бродови да пристапат на таа територија за време на маневрите.

„Ако вежбите се префрлат на територијата на Филипините, ја предупредуваме Кина дека ќе се сретне со најсериозен одговор, дипломатски или кој било друг“, се вели во изјавата на Локсин.

Предупредувањето на Манила за територијални судири со Кина е најсериозно оваа година.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*