Фидес преговара со десничарите во Италија и Полска за ЕП


– Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска потврди дека неговата партија Фидес преговара со европските конзервативни политички сили, вклучувајќи го и италијанскиот популист Матео Салвини, за формирање нова парламентарна група во Европскиот парламент (ЕП).


 

Орбан за државното радио денеска изјави дека откако неговата партија ја напушти парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во ЕП во средата, имало разговори со некои политички сојузници во Полска, но не прецизираше со кого.

Орбан ги потврди и преговорите на Фидес со лидерот на италијанската крајно десничарска Лига, Матео Салвини, но и со Џорџо Мелони, кој ја предводи ултрадесничарската партија „Браќа на Италија“.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата партија нема да брза по ова прашање и оти целта е Фидес во Европскиот парламент да се поврзе со слични сили кои не сакаат доаѓање на мигранти и се залагаат за заштита на традиционалното семејство.