Фејсбук ги разгледува последиците од одлуката на Европскиот суд за правда


Фејсбук ги разгледува последиците од одлуката на Европскиот суд за правда - МИА

Лондон, 16 јули 2020 () – Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека ги разгледува импликациите од одлуката на Европскиот суд за правда, со која договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на податоци е прогласен за неважечки, бидејќи, според Судот, приватноста на граѓаните од земјите на Унијата со тој акт не е доволно заштитена.

Со судската одлука всушност се укинува привилегираниот пристап, кој со нивните лични податоци го имале американските компании, но и разузнавачките служби на САД.

Претставничката на Фејсбук за правни работи, Ева Нејгл изјави дека компанијата внимателно ги разгледува наодите изнесени во судската одлука и нејзините импликации, кога станува збор за тој договор, наречен „Штит на приватноста“, но очекува и упатства од регулаторните органи.

– Ќе обезбедиме нашите огласувачи, клиенти и партнери да можат да продолжат да ги користат услугите на Фејсбук, а притоа нивните податоци да останат безбедни и заштитени, истакна Нејгл.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*