ФЕД: Нема да брзаме со разработка на дигитален долар


– Федералните резерви на САД го анализираат создавањето дигитален долар, но бавно ќе одговорат поради ризици како измама и фалсификување. Ова го изјави гувернерот на Федералните резерви на САД Џером Пауел.


 

За време на дискусијата за дигиталните валути на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд, Пауел истакна дека за САД е поважно да го сторат тоа правилно отколку да бидат први во светот.

– И да го сториме тоа правилно значи дека не само што ги користиме потенцијалните придобивки, туку и ги избегнуваме потенцијалните ризици како што се кибер напади и фалсификување, рече тој.

Расте интересот кај централните банки ширум светот за официјално издавање дигитални валути, што делумно се должи на стравувањата дека може да ги надмине приватниот сектор. Фејсбук работи на својот проект за дигитална валута „Либра“.

Но, Пауел исто така рече дека Федералните резерви имаат посебна потреба да бидат претпазливи, бидејќи американскиот долар е глобална резервна валута што ја користат компаниите и централните банки ширум светот.

– Федералните резерви во Бостон соработуваат со истражувачи на престижниот Технолошки институт во Масачусетс за да развијат „хипотетичка дигитална валута за централната банка“, што ќе помогне да се проценат потенцијалните ризици, рече гувернерот на ФЕД.