ФБИ досега отвори 160 истраги, а поднесени се и 70 обвиненија за нападот врз Капитол


– Американското Федерално истражно биро (ФБИ) отворило 160 истраги за минатонеделниот напад врз американскиот Конгрес во Вашингтон од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, соопшти оваа сојузна агенција.



Помошник директорот на ФБИ, Стивен Д’Антуоно, на брифинг со новинарите изјави дека тие досега обезбедиле 100.000 видеа и слики како докази во постапките, пренесуваат британските медиуми.

Обвинителот на градот Вашингтон, Мајкл Сервин, изјави дека 70 обвиненија се веќе поднесени, а очекува дека на крајот ќе има повеќе стотици.