Европскиот парламент го покани Бајден на пленарна сесија во Стразбур


– Европратениците со задоволство би сакале да го видат новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур. Ова денеска го соопшти Манфред Вебер, лидер на Европската народна партија – ЕПП, водечката партија во ЕП.


 

– Би било добро ако Џозеф Бајден зборува пред Европскиот парламент, веројатно на пленарна сесија во Стразбур, рече тој.

Претходно, Бајден беше поканет во Брисел од лидерите на Европскиот совет и Европската комисија, како и од генералниот секретар на НАТО.