Европол: Во акција против Ндрангета уапсени 31 осомничен во три држави

europol
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во најновата акција против италијанската мафијашка организација „Ндрангета“ во Италија, Белгија и Германија, која беше поддржана од Евроџаст и Европол, а која е насочена кон борба против меѓународната трговија со дрога, денеска беа уапсени 31 осомничен и одземен е имот вреден над 3,8 милиони евра, соопшти Европол.

Според извештаите, 18 осомничени се уапсени во Италија, осум во Белгија и пет во Германија, а извршени се вкупно 53 претреси во кои се запленети средства во вредност од над 3,8 милиони евра, вклучувајќи готовина, дрога, возила и имот.


Во соопштението се наведува дека во акциите на терен учествувале повеќе од 840 полицајци и дека акцијата е продолжение на претходна истрага што италијанските власти ја воделе од 2013 до 2018 година против истата криминална мрежа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK