Европејците се’ помалку сакаат да работат, државите се обидуваат да ги мотивираат

Европејците-се-помалку-сакаат-да-работат-државите-се-обидуваат-да-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европејците сакаат се’ помалку да работат, а некои од најбогатите земји во Европската Унија, како Германија, Холандија или Австрија, се обидуваат да ги мотивираат со даночни олеснувања, подобра грижа за децата или пофлексибилно работно време, пренесува Дојче веле. (ДВ).


Просечниот број на работни часови во Европа се намалува, бројот на работници со скратено работно време се зголемува, а синдикатите во многу земји бараат укинување на 38 часовната работна недела. Вработените во Европа сакаат да работат само за да заработат за живот и да го посветат остатокот од своето време на работи кои им се навистина важни.

Во Европа моментално работат рекорден број луѓе, вработеноста е речиси 75 проценти, но бројот на работни часови не е значително зголемен, бидејќи е зголемен бројот на работници кои не работат со полно работно време. Во Германија, Холандија и Австрија околу една третина од вработените не работат со полно работно време, а конкретно во Холандија речиси 50 отсто од вработените работат 35 часа неделно или помалку.

Работата со скратено работно време може да предизвика проблеми во областите каде што веќе нема доволен број луѓе кои работат, а недостигот на персонал ќе биде уште поголем кога генерацијата на родени меѓу 1946 и 1964 година ќе се пензионира, наведува ДВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK