Евакуирана фабрика на АстраЗенека во Велс каде се произведуваат вакцини против Ковид-19


– Евакуирана е фабриката на АстраЗенека во Велс каде се произведуваат и чуваат дози од вакцината против Ковид-19 поради сомнителен пакет што стигнал на нивна адреса, јави Би-Би-Си.



Во местото Вокхард се тимови на полицијата и на единица за деминирање.

Во таа фабрика се произведуваат до 300 милиони дози на вакцината годишно. Затворени се сите патишта околу фабриката.

Нема извештаи за повредени.