ЕУ за првпат авторизира инсект како прехранбен производ 


 Земјите членки на ЕУ одобрија препорака на Европската комисија да се авторизира употребата на сушени брашнени црви како прехранбен производ во Унијата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова е првпат во историја Агенцијата за безбедност во исхраната на ЕУ да дозволи употреба на инсект на европскиот пазар.
Како што објаснуваат од Европската Комисија овие црви се користат како ужина или како состојка во други прехранбени производи како протеински прашок или бисквити.
Согласно новата стратегија на Европската Унија за реформа на земјоделството и исхраната, инсектите се сметаат за квалитетен извор на протеини кои имаат важна улога во транзицијата кон поодржлив систем на исхрана во Европа.
Според Обединетите Нации инсектите се здрав извор на исхрана со големи колични на протеини, влакна, витамини и минерали меѓу другото.