ЕУ воведе санкции против осум физички и три правни лица од Иран за задушување на протестите во 2019 година


Осум физички и три правни лица од Иран се соочија со санкции заради кршење на човековите права во земјата, одлучи Комитетот на постојаните претставници на ЕУ, а соопштија британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извор во Брисел.


 

Санкциите ќе бидат официјално одобрени од Советот на ЕУ и ќе стапат на сила во следните неколку дена, а се воведени заради бруталното задушување на протестите во Иран во 2019 година.

Санкциите се дел од новиот механизам на ЕУ за санкционирање на прекршителите на човековите права, според кој ЕУ веќе под санкции стави неколку руски и кинески државјани, предизвикувајќи нов круг тензии со Москва, а особено со Пекинг, кој за првпат се соочува со санкции од ЕУ.