ЕУ со ограничувања за високоризичните доставувачи на 5G опрема


– Членките на Европската унија можат да ги ограничат или исклучат високоризичните снабдувачите со 5G опрема од главните делови на нивните телекомуникациски мрежи, покажуваат новите упатства на ЕУ.

Необврзувачките препораки наведени во документ на ЕУ, се дел од пакетот мерки за решавање на ризиците од кибер-безбедност на национално и на ниво на ЕУ, особено во врска со загриженоста за Хуавеи, иако не е идентификувано во упатствата – ниту која било земја или компанија.

Упатството со насоки што е утврдено од земјите-членки на ЕУ, предупредува на ризик од мешање на трета земја во синџирот на снабдување со технологија за 5G, како и за ризик од зависност од само еден снабдувач, за да се оправда преземањето на таква тврда линија.

Земјите на ЕУ треба да го проценат профилот на снабдувачот од аспект за ризик на национално или на ниво на ЕУ и да наметнат ограничувања на добавувачите со висок ризик, вклучувајќи ги и неопходните исклучувања за ефикасно намалување на ризиците за клучниот имот, се наведува во документот.


Вести

Катица под ПИ-мерки била девет дена

– Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол покасно од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 […]

Вести

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

– Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на […]

Бизнис

Поскапуваат бензините

– Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]