ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување



Брисел, 11 август 2020 () – Европската унија денеска соопшти дека нема да испрати набљудувачка мисија за следење на парламентарните избори во Венецуела, поради недостиг на услови за фер и слободно гласање.

Владата во Каракас ја повика ЕУ да испрати набљудувачка мисија, но шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, рече дека заклучил дека „не се исполнети условите за транспарентен, инклузивен, слободен и фер изборен процес“.

Во изјавата, сепак, Борел ги поздрави наводите дека владата на претседателот Николас Мадуро и дел од опозицијата разговараат за евентуално одложување на изборите за Конгресот закажани за 6 декември.

– Тоа е чекор во вистинска насока, но недоволен за ЕУ да може да испрати набљудувачка мисија на изборите. За тоа да се направи, потребен е прецизен и позитивен одговор на минимум барања дефинирани од опозицијата, посочи Борел.

 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*