„ЕУ и Урсула соучесници во геноцидот во Газа“: Фон дер Лајен во Сараево дочекана со транспаренти

„ЕУ-и-Урсула-соучесници-во-геноцидот-во-Газа-Фон-дер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Сараево. Додека таа се сретна со членовите на државното претседателство во Претседателството на БиХ, мала група граѓани се собра пред зградата на таа институција и протестираше.


Тие донесоа два транспаренти. Едниот гласеше „Европската унија и Урсула фон дер Лајен се соучесници во геноцидот во Газа“, додека на другиот пишуваше порака во која се повикува на прекин на огнот.

Според планираното, Фон дер Лајен подоцна денеска ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK