ЕУ и Јапонија потпишаа историски трговски договор

– Токио и Брисел денеска потпишаа трговски договор кој треба да ги укине речиси сите царини помеѓу двата блока. Овој Економски договор за партнерство е најголемиот трговска спогодба во историјата на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Трговските бариери помеѓу двата блока, според студиите, досега ги чинеле двете страни околу една милијарда евра годишно. Овој договор засега 600 милиони луѓе и третина од глобалниот бруто домашен производ.

Преговорите помеѓу ЕУ и Јапонија почнаа пред четири години, а треба да стапи во сила кон крајот на идната година.

Овој „историски“ чекор, како што го нарекоа двете страни, е и можност да им се одговори на последните протекционистички мерки на новата американска администрација.

– Со давањето целосен ефект на овој договор, ЕУ и Јапонија испраќаат силна порака за промовирање на слободна и фер трговија заснована на правила и против протекционизмот, се наведува во заедничкото соопштение на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и јапонскиот премиер, Шинѕо Абе.

Исто така во соопштението се посочува дека Економскиот договор за партнерство му ја покажува на светот цврстата политичка волја на ЕУ и Јапонија да продолжат високо да го веат знамето на слободната трговија и моќно да продолжат да ја унапредуваат слободната трговија.

Конкретно се очекува да паднат цените на европските производи во Јапонија и обратно, на пример европското свинско месо, европското вино и сирење во Јапонија, додека пак европските потрошувачи ќе имаат пристап до поевтина јапонска риба и чај, благодарение на оваа спогодба. Двете страни се надеваат дека интензивирањето на економските врски помеѓу двата блока ќе донесе поголем економски раст и ќе отвори работни места.

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*