Еспер кон крајот на годината во прва официјална посета на Кина


Еспер: Кинезите не мамеја, ниту сега не им вервам - МИА

Вашингтон, 21 јули 2020 () – Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, денеска соопшти дека планира пред крајот на годината да отпатува за Кина, во време кога Вашингтон го обвинува Пекинг дека Јужното кинеско море го претвори во своја поморска империја.


 

-Пред крајот на годината се надевам дека ќе ја посетам Кина, за првпат како министер за одбрана, заради подобрувањето на соработката во секторите каде што имаме заеднички интереси и да ги воспоставиме потребните комуникациски системи во криза, рече Еспер за време на онлајн семинарот организиран од Меѓународниот институт за стратегиски студии (IISS).

Еспер потсети дека САД сметаат дека територијалните претензии на Пекинг во Јужното кинеско море се „нелегални“, но истакна дека неговата земја „не бара конфликт“.

-Вашингтон сака позитивни и продуктивни односи со Кина и сака да отвори линии на комуникација и да ги намали ризиците, додаде тој.

Тој, исто така, кажа дека Кина нема право да ги претвора меѓународните води во своја ексклузивна зона на поморска империја.

Тој наведе серија примери во Јужното кинеско море од последните неколку месеци, обвинувајќи ја кинеската војска за потопувањето на виетнамски рибарски брод, за „вознемирување“ на малезиските компании за истражување на нафта и за следење на кинеските рибарски чамци во ексклузивната економска зона во Индонезија.

САД веќе долго време ги отфрлаат кинеските претензии кон речиси сите острови и гребени во Јужното кинеско море во однос на другите земји што пристапуваат до него: Малезија, Виетнам, Филипини и Брунеи.