Ерупција на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава


На индонезискиот остров Јава денеска еруптираше вулканот Семеру,  испуштајќи чад и пепел во атмосферата во височина од 5,6 километри, се наведува во извештајотот на Геолошкиот институт на Министерството за енергетика на Индонезија.



Британските медиуми појаснуваат дека ерупцијата на вулканот Семеру почнала во 17 часот по локално време, а најдобро се гледала на видеа на социјалните мрежи, како густи облаци од сива пепел што кружат над куќите.

И други два вулкана во Индонезија, Мерапи на Јава и Синабунга во Суматра, неодамна покажаа знаци на зголемена геолошка активност.

Во Индонезија има околу 130 активни вулкани, повеќе отколку во која било друга земја во светот.