Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија

erupcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најактивниот вулкан во Европа, Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, што предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), кој внимателно ја следи Етна, рече дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, која некогаш беше спектакуларен приказ на оган и лава.


Институтот објави дека пепел паднал во Катанија и во еден град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени.

Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта.

Национален институт за геофизика и вулканологија посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност, за потреси во последните денови.

Италијанската национална агенција за цивилна заштита во четвртокот во предупредувањето наведе дека со оглед на зголемената вулканска активност, може да има „ненадејни“ варијации во активноста на Етна. На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK