Ерупција на подводниот вулкан Ист Епи кај пацифичкиот остров Вануату

erupcija
Facebook
Twitter
LinkedIn

Еруптираше подводниот вулкан Ист Епи, во близина на пацифичкиот остров Вануату, исфрлајќи пепел до 100 метри височина.




Локалните власти воспоставија безбедносен периметар од 10 километри околу подводниот вулкан, што се наоѓа на околу 68 километри северно од Порт-Вила, главниот град на оваа држава во Пацификот.

Прво над местото била забележана пареа, а потоа од утринава вулканот почна да исфрла пепел.

Властите предупредуваат дека бродови и авиони треба да ја избегнуваат областа.

-Го повикуваме локалното население да внимава на можни силни експлозии бидејќи ерупциите се уште траат, изјави Рикардо Вилијам, специјалист за вулкани во Одделот за метеорологија и геолошки опасности во Вануату, пренесен од француските медиуми.

Вулканската активност почна околу 8 часот по локално време (23 часот вторник по средноевропско време), наведе локалниот метеоролошки оддел.

Претставник на владата изјави дека со почетокот на ерупцијата земјата почнала да се тресе, а чад се надвил над местото на подводниот вулкан. Владиниот претставник додаде дека почнале и експлозии, а се чувствувал и непријатен мирис на сулфур.

Властите го кренаа нивото на тревога од вулкани на прво ниво, од можните пет, што укажува дека станува збор за „ситни потешкотии“.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: