– Официјален Ереван вчера се обрати до Обединетите нации со барање да се одржи итна средба на Советот за безбедност на која ќе се разгледа хуманитарната ситуација во Нагорно-Карабах, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи на Ерменија.
„Република Ерменија на 11 август се обрати до Советот за безбедност на ОН со барање да се свика итен состанок поради влошување на хуманитарната ситуација, поради присилната и целосна блокада на цивилното население на Нагорно-Карабах“, се наведува во соопштението на ерменското МНР, пренесено од Тасс.
За време на своето обраќање постојаниот претставник на Ерменија во ОН, Мхер Маргаријан, исто така, побара од организацијата да и даде можност на ерменската делегација да учествува на седницата на Советот за безбедност.
Официјален Ереван тврди дека коридорот Лачин, единствениот пат од Нагорно-Карабах до Ерменија, на 12 декември 2022 година беше блокиран од група азербејџански државјани, а подоцна таму официјален Баку постави свој контролен пункт на границата со Ерменија, во близина на мостот Какари.
Луѓето во Нагорно Карабах добиваат хуманитарна помош со помош на руските мировници и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Меѓутоа, по престрелката меѓу ерменските и азербејџанските граничари на 15 јуни, Баку забрани каква било хуманитарна испорака во Нагорно Карабах.