Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права


Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите во регионот Нагорно-Карабах, наведува судот. Портпарол на Судот изјави дека тие денес добиле барање од Ерменија да преземат привремени мерки и дека барањето се разгледува.

Судот, кој е правно крило на Советот на Европа со седиште во Стразбур, е повикан да постапи според членот 39 од неговите регулативи, што му овозможува да преземе итни мерки кога постои непосреден ризик од непоправлива штета.

„Ерменската влада бара од Судот да и наложи на азербејџанската Влада да престане со воени напади врз цивили по целата линија на контакт меѓу ерменските вооружени сили и Нагорно-Карабах, да ги запре слепите напади и да престане да ги таргетира цивилите, цивилниот имот и населените места“, соопшти судот.

Најмалку 68 лица се убиени од вчера во борбите меѓу сепаратистите во Нагорно-Карабах. Поради конфликтот, се стравува дека ќе започне отворена војна меѓу Баку и Ереван.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*