Вооружените сили на Азербејџан синоќа ги нападнале позициите на ерменската војска во пограничната зона, во правец на селото Кутакан во Гегаркунската област, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија.
„Во понеделник, на 22 мај, во 23:20 часот по московско време, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции во правец на Кутакан, користејќи оружје од различен калибар. На ерменска страна нема жртви. Утрово, во 07:00 часот по московско време, ситуацијата на фронтот беше релативно мирна“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Ерменија, пренесува ТАСС.