Ерменците во Нагорно-Карабах велат дека Азербејџан го прекршува примирјето, Баку негира

Ерменците-во-Нагорно-Карабах-велат-дека-Азербејџан-го-прекршува-примирјето-Баку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ерменците во отцепениот регион Нагорно-Карабах денеска објавија дека азербејџанските сили го прекршиле примирјето, што азербејџанското Министерство за одбрана го негираше.


Властите на етничките Ерменци соопштија дека се слушнале истрели во центарот на главниот град на регионот, Степанакерт, пренесе Ројтерс. Два извори претходно за британската агенција изјавиле дека во Степанакерт се слушнало пукање.

Ројтерс објави дека во средата биле постигнати разговори меѓу Азербејџан и Ерменците од Нагорно-Карабах во азербејџанскиот град Јевлах, кои започнаа денеска по договорот за прекин на огнот во отцепениот непризнаен регион.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев прогласи победа во Нагорно-Карабах за време на обраќањето до нацијата во средата. Азербејџан најави дека, според договорот за прекин на огнот, отцепените ерменски сили мора да се распуштат и разоружаат и дека Нагорно-Карабах ќе биде интегриран како дел од Азербејџан.

Договорот за прекин на огнот во Нагорно-Карабах беше постигнат во средата со посредство на рускиот мировен контингент, еден ден откако Азербејџан започна воена операција во регионот и отвори тежок артилериски оган врз ерменските позиции таму.

Локалните власти соопштија дека во овие напади биле убиени и повредени десетици луѓе

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK