Ердоган: Турски тек ќе биде пуштен на 8 јануари


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека гасоводот „Турски тек“ ќе биде пуштен на 8 јануари 2020 година во Истанбул.

Ердоган ова го изјави на церемонијата по повод почетокот на вториот гасовод ТАНАП, преку кој гасот од Азербејџан ќе доаѓа до Турција и Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција во првата недела од јануари следната година.

„Претседателите (на Русија и Турција) ќе се состанат по повод завршувањето на работите на Турски тек. Тие, исто така, ќе разговараат за билатералните односи, рече Песков.

На 19 ноември Газпром објави дека двата крака на гасоводот „Турски тек“ се полни со гас.


Бизнис

Откупувачите најдоцна до „Свети Трифун” да склучат договори за грозјето, бараат лозарите

– Откупувачите на винско грозје најдоцна до празникот „Свети Трифун” да склучат договори за откуп на винско грозје со лозарите. Во договорите да бидат внесени цените за грозјето, а плаќањето да се врши според законот […]

Вести

Пад од 13 места за земјава во однос на степенот на корупција, Владата уверува дека води бескомпромисна борба

– Пад од 13 места бележи Република Северна Македонија во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата, односно со вкупно 35 поени е пласирана на 106 место, за разлика од 2018, кога беше на 93-то […]

Вести

Заев повика работните групи денеска да почнат преговори за законот за ЈО, Мицкоски бара прво да се прифатат нивните забелешки

– Како структурно и системско решение, далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во праводуството и воопшто го оцени предлог законот за јавно обвинителство лидерот на СДСМ, Зоран […]