Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН

erdogan1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е потребен голем преглед на Обединетите нации, посочувајќи дека речиси 200 земји во светот не можат да бидат препуштени во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН.


Тој на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул рече дека ОН треба целосно да се реформираат.

„Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност на ОН). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на една од овие пет постојани членки“, рече Ердоган, пренесува Анадолија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK