Енергоатом: Во текот на ноќта имало судир помеѓу руските и украинските сили кај нуклеарната централа Запорожје


Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом денеска ја обвини Русија за повторно бомбардирање на локацијата на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

 

 

– Во текот на ноќта руските терористи повторно ја бомбардираа нуклеарната централа во Запорожје, соопшти „Енергоатом“ на Телеграм.

Во бомбардирањето бил оштетен далновод, што предизвикало застој на неколку трансформатори на реакторот број шест и краткотрајно стартување на единицата за итни случаи, соопшти Енергоатом.

– Дури и присуството на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не ги спречува Русите, се вели во соопштението.

Енергоатом апелираше до МААЕ да преземе „порешителна акција“ против Москва.