Екстремистите може да имаат корист од златната треска во Мали


– Во тек е златна грозница во северниот дел на Мали, каде се активни борци поврзани со Ал Каеда што предизвикува загриженост дека профитот од рударството може да и донесе корист не само на локалната економија, туку и на исламските екстремисти.

Коалицијата на вооружени бунтовници Туарег, позната како ЦMА, го контролира регионот Кидал и нејзините водачи ги надгледуваат активностите поврзани со копањето злато.

Се верува дека некои членови на ЦМА имаат блиски врски со локалниот претставник на Ал Каеда познат како ЈНИМ.

Тие се сметаат за најактивна екстремистичка група во Мали.

Официјални претставници на ЦМА одбија да зборуваат за присуството на борци поврзани со Ал Каеда во нивните редови.

Жителите се плашат да зборуваат за тоа, истакнувајќи дека екстремистичката група има разузнавачки агенти насекаде во градот.

Во извештај на експерти на Обединетите нации во август е утврдено дека ЦМА има приход од контролни пунктови и оданочувања поврзани со златната грозница, но оти неколку рударски оператори треба да ги почитуваат прописите.

За златната треска се вели дека почнала во речиси целосна анархија.


Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]

Вести

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите, нема пари и за членовите на ОИК и ИО ако не одат на едукација

– Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повикаа околу 35.000 членови на изборните органи да присуствуваат на претстојната едукација за организирање и спроведување на предвремените парламентарни, која е задолжителна и ќе започне на […]