Експлозија пред луксузен хотел во Могадишу


Експлозија пред луксузен хотел во Могадишу - МИА

Могадишу, 16 август 2020 () – Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.



Во новоизградениот хотел „Елит“, доаѓаат млади луѓе од елитните кругови на главниот град на Сомалија.

Засега нема информации за бројот на жртвите од тој напад, што го прекина повеќемесечното примирје.

Екстремисти од сомалиските муслимани, бунтовници на ал-Шабаб, поврзани со Ал Каеда, најчесто организираат такви напади во Могадишу.