Експлозии во Сомалија, убиени четири лица


Експлозии во Сомалија, убиени четири лица - МИА

Најроби, 4 јули 2020 () – Силни експлозии одекнаа денеска во два големи града во Сомалија. Бомбаш самоубиец активираше бомба во пристаниште на главниот град Могадишу, а противтенковска мина била активирана во еден ресторан во предградие на Баидабо, при што загинале четири лица.

Локален висок претставник изјавил дека противтенковската мина била активирана со далечински управувач во текот на утринските часови, кога ресторанот бил полн со гости.

Шефот на полицијата во Могадишу, Ахмед Али нагласи дека бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа во момент кога со автомобил минувал низ влезот на пристаништето. Во нападот биле повредени пет полицајци.

Засега никој не преземал одговорност за нападите, но неофицијално се обвинува групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*