Експертите се против заштитни маски за деца под две години


Експертите се против заштитни маски за деца под две години - МИА

Лондон, 26 мај 2020 () – Медицински експерти предупредуваат дека носењето маски кај деца под двегодишна возраст не се препорачува затоа што може да предизвика проблеми со дишењето и да го зголеми ризикот од задушување, пренесува Би Би Си.

Јапонската асоцијација на педијатри им советува на родителите да не им ставаат заштитни маски на децата под две години, затоа што тоа им го отежнува дишењето и го зголемуваат ризикот од задушување.

Покрај тоа, децата имаат потесни дишни патишта, што го става нивното срце под потежок товар кога дишат преку заштитна маска, се укажува на веб-страницата на здружението.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести, исто така, смета дека децата под две години не треба да носат маски.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]