Економијата на САД пораснала за 33 отсто во третото тримесечје


– Американската економија пораснала за 33 отсто во третото тримесечје на годишна ниво, изјавија денеска од Министерството за економија на САД.



Растежот следува по историскиот пад од 31.4 отсто во второто тримесечје, кога САД беше една од низата земји во светот под удар на пандемијата, а откако се отворија бизнисите по продолжeните карантини во речиси сите сојузни држави.

Мерките ја втурнаа економијата во досега невидена рецесија, и затоа БДП на земјата сè уште е многу понизок од времето пред пандемијата.

Според министерството, економијата на САД засега е 3.5 отсто помала отколку во 2019 година, но сепак, во третиот квартал таа пораснала за 7.4 отсто споредбено со претходниот квартал, што е рекорд.

Економијата е главен адут на американскиот претседател Доналд Трамп и набљудувачите сметаат дека овој извештај ќе биде претставен од изборниот штаб на претседателот како победа на неговата администрација.

Сепак, се смета дека иако економијата пополека се враќа во форма по загубите од пандемијата, целосното закрепнување нема да се случи набргу.


Вести

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, […]

Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*