Еколошки активисти го блокираа автопатот Италија – Австрија на најфреквентниот викенд во годината

ekologisti_3543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Активисти за животна средина од движењето Последна генерација го блокираа сообраќајот на преминот Бренер на австриско-италијанската граница, по што мораше да интервенира и полицијата за да ги спречи возачите да ги нападнат активистите.

– Нè газат, нè влечат од патот, нè удираат и насилно не задржуваат, коментира активист на „Последна генерација“ на видео на кое се прикажани напади од лути возачи на автопатот пред граничниот премин Бренер на австриско-италијанската граница.


Полицијата потврди дека на местото на блокадата дошло до „нарушување“, но ги раздвоила конфликтните страни. Според австриските медиуми, движењето „Последна генерација“ нешто пред пладне го блокирала автопатот, кој претставува една од главните врски меѓу Северна Европа и италијанскиот полуостров, и тоа на денот кога почнува најфреквентниот викенд во годината поради почетокот на празниците во најголемата германска сојузна покраина Баварија.

По само 20 минути полицијата успеала да ослободи една лента од патот од активистите кои се залепиле на асфалтот, а набргу потоа и другата, но и покрај тоа поради интензитетот на сообраќајот кон југ, се создале километри сообраќаен метеж. Против дванаесет активисти се поднесени кривични пријави.

Ова е вторпат летово еколошките активисти да го блокираат најважниот пат во Австрија кон југ.

„Јужна Европа гори и низ целиот свет се бележат рекордно високи температури“, се вели во соопштението за печат на „Последна генерација“ во кое се повикува на зголемени мерки со цел запирање на климатските промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK