ЕК: Тоа што некоја вакцина не е одобрена во ЕУ не значи дека не е ефикасна


– Европската Комисија увери денеска дека процесот на одобрување на одредени вакцини во ЕУ не значи дека другите вакцини не се ефикасни.


 

-Тоа што некоја вакцина не е проценета од страна на Европската агенција на лекови не значи дека не е ефикасна, изјави портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер.

Изјавата се однесува на вакцините од Русија и Кина пред сѐ, кои не се одобрени од европската агенција.

Портпаролот истакна дека процесот на одобрување на вакцини во ЕУ кој го води Агенцијата за лекови има за цел да им гарантира на граѓаните на ЕУ дека вакцините што ги примаат се ефикасни и безбедни.

-Вакцините треба да бидат ефикасни и безбедни, имањето контрола врз вакцините има за цел да ги увери граѓаните дека не треба да се плашат да учествуваат во вакцинацијата, и овој процес на контрола ни овозможува да имаме сигурност, тоа не значи дека другите вакцини не се ефикасни, изјави портпаролот.