ЕК сака да воведе европски стандард за заштита на новинарите


– Европската комисија преку патоказ до 20 мај собира придонеси од релевантни чинители за подготовка на нова препорака за заштита на новинарите како физички така и на интернет, јави дописничката на МИА од Брисел.


 

Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, иницијатор на проектот за поголема безбедност на новинарите во ЕУ, нагласи дека неодамнешното убиство на грчкиот новинар Јоргос Каравајз е потсетник дека мора да се засилат напорите за заштита на новинарите во ЕУ.

-Работиме сега на подготовка на препораки до земјите членки и бараме за возврат информации за мерки како можни директни линии, обука и сензибилизација на полицијата и на судството, изјави Јурова.

За еврокомесарот Тиери Бретон, новинарите мора да уживаат највисоки можни стандарди која е во прашање нивната заштита и дека целта е да се изготви европски стандард за безбедност на новинарите.

Европската Комисија веќе одржи дијалог со претставници на засегнатите области, а препораката треба да биде готова до крајот на оваа година.