EK: Од САД ќе бараме да дозволат извоз на договорените вакцини за ЕУ


– Европската унија ќе побара од САД да дозволат извоз на милиони договорени дози на вакцината „АстраЗенека“ за Европа, со цел да се надминат тековните проблеми во снабдувањето, пишува денеска „Фајненшел Тајмс“.


 

Британските медиуми наведуваат дека британскиот весник ја цитирал и Европската комисија која најави дека ќе побара од Вашингтон да обезбеди слободен проток на залихите на клучните состојки на вакцините потребни за нивно европско производство, со цел да се исполнат сите договорни обврски кон ЕУ.