ЕК ја поздрави зголемената реактивност на веб платформите против говорот на омраза


ЕК ја потсетува МПЦ дека сите имаат обврска да го заштитат јавното здравје - МИА

Брисел, 22 јуни 2020 () – Европската комисија (ЕК) денеска ги сподели резултатите од последниот извештај за спречување илегален говор на омраза на интернет, јави дописничката на од Брисел.



Мониторингот на говорот на омраза онлајн се врши петта година по ред. Наодите покажуваат дека во 2020, 90 отсто од пријавените содржини биле разгледани во рок од 24 часа од страна на платформите, додека во 2016, оваа бројка изнесувала 40 отсто.

Над 70 отсто од содржините со говор на омраза биле отстранети годинава, во споредба со само 28 отсто пред четири години.

Комисијата забележува дека е зголемен и бројот на одговори од страна на платформите до корисниците кои пријавиле говор на омраза, но дека само Фејсбук ова го прави систематски, и бара од сите други да се подобрат во однос на транспарентноста.

-Кодексот на однесување останува успешна приказна кога станува збор за справување со нелегален говор на омраза онлајн. Тој донесе брзо подобрување, истовремено почитувајќи ги темелните права и создаде вредни партнерства помеѓу граѓанските организации, националните власти и интернет платформите, рече Вера Јурова, потпретседателката на Европската Комисија.

Јурова повика да се воведат исти обврски за сите интернет платформи ширум ЕУ и да се постават јасни правила за да се заштитат корисниците.

-Она што е нелегално офлајн е нелегално и онлајн, потсети Јурова.

Кодексот на однесување на Европската Комисија е воспоставен во мај 2016 во договор со Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб за спречување на говор на омраза на интернет.

Тој се заснова на одлуката за борба против расизмот и ксенофобијата според која секое јавно поттикнување насилство или омраза кон некоја група врз основа на расата, бојата, верата, потеклото претставува кривично дело, вклучително и на интернет.

 


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*