Египет почна со вакцинација против коронавирусот


Египет денеска почна со вакцинација против коронавирусот, вакцинирајќи ги прво здравствените работници со вакцината на кинескиот гигант Синофарм.


 

Министерката за здравство, Хала Зајед, изјави дека здравствените работници во 40 болници, кои се наменети за изолација и лекување на пациенти со Ковид-19 низ целата земја, имаат предност во вакцинацијата.

Потоа ќе се вакцинираат старите лица и луѓето кои имаат хронични заболувања, рече Зајед.

Таа додаде дека луѓето треба да примаат две дози од вакцината во рок од 21 ден, а кинеската вакцина е ефикасна 86 проценти.