Еден загинат и 11 повредени во тајфунот Канун во Окинава

tajfun_43543533534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Моќниот, но бавен тајфун Канун, пропратен со силен ветер, оштети далноводи во јапонската префектура Окинава, популарна туристичка дестинација, и остави околу 200.000 домаќинства без струја, а досега се пријавени еден загинат и 11 повредени.

Загина маж кој остана заробен под урната гаража и набргу потоа доживеа срцев удар, се вели во соопштението на Агенцијата за борба против пожари и природни катастрофи.


Речиси 700.000 жители на оваа префектура, лоцирана на околу 1.600 километри југозападно од јапонскиот главен град Токио, добија совети да се евакуираат поради бурата која се движи северозападно со брзина од 10 километри на час, се вели во соопштението на Јапонската метеоролошка агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK