Еден процент од најбогатите во САД се побогати од целата средна класа



Богатството во САД е концентрирано во сè помал круг луѓе и според податоците на Блумберг, средната класа има помалку активи од најбогатите еден отсто од населението.


 

Од вториот квартал на 2021 година, најбогатите еден процент од Американците имаа вкупна нето вредност од 36,2 трилиони долари, до 35,7 милиони долари. Ова е првпат вкупното богатство на најбогатите да го надмине она на средната класа во САД откако Федералните резеви почнаа да обезбедуваат такви податоци – во 1989 година.

И најбогатите и средната класа се значително побогати од почетокот на пандемијата. Владините пакети за социјална поддршка во текот на минатата година и половина ја „поддржжуваат“ средната класа објави Биснис инсајдер

Во 2020 година, еден процент од најбогатите Американци се збогатиле со 4 трилиони долари – повеќе од вкупното богатство што го поседуваат најсиромашните пет отсто од Американците. Од почетокот на пандемијата, американските милијардери додадоа 1,8 трилиони долари на нивното колективно богатство, се вели во извештајот на Институтот за политички студии и за даночна правичност.