Џонсон: Се радувам на соработката со Бајден


– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска, неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД, изјави дека се радува на нивната соработка за „заедничките приоритети“.


 

– Како што реков кога разговарав со него за неговиот избор за претседател, се радувам на соработката со него и неговата нова администрација, на јакнењето на партнерството меѓу нашите земји и соработката на нашите заеднички приоритети: справување со климатските промени, намалување на ризикот од пандемијата и зајакнување на нашата трансатлантска безбедност, рече Џонсон во Парламентот.

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-ти претседател на државата.