Џонсон го отфрли барањето на Единбург за нов референдум за независност на Шкотска



– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска писмено и одговори на шкотската премиерка Никола Старџен, отфрлајќи го нејзиното барање Единбург да добие надлежности за спроведување нов референдум за независност на Шкотска, пренесоа британските медиуми.

Во актуелната ситуација референдумот не може да се спроведе без санкција од Лондон.

Старџен му пиша на Џонсон уште во декември, со барање да се влезе во преговори за префрлање на надлежностите врз Единбург за одобрување на плебисцит од британската Влада.

„Не мажам да се согласам со секое барање за префрлање на надлежностите кое ќе доведе до натамошни референдуми за независност“, напише Џонсон во писмото, кое го објавува на Твитер, кажувајќи и на шкотската премиерка дека во 2014 година се согласиле за референдум во кој Шкотланѓаните избраа да останат во Обединетото кралство, и ова гласање ќе биде „еднаш за секогаш“.

„Нов референдум за независност ќе ја продолжи политичката стагнација која се забележува во Шкотска во последната деценија… Време е сите да работиме за да го обединиме целото Обединето кралство“, напиша британскиот премиер во писмото до Старџен.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]